Powered by JoomlaGadgets

Напишано од Administrator

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА:

Да се проектира катна гаража која ќе обезбеди паркирање за 833 лесни возила и простор за комерцијално-деловни содржини кои би се развивале на првите две нивоа.

ОДГОВОР:

Со цел да се обезбеди потребниот број на паркинг места, вертикалната комуникација на возила низ објектот се обезбедува преку систем на еднонасочни улици и рампи. Широчината на рампите и минималниот пад од 3.75 % овозможуваат тие истовремено да функционираат и како сообраќајници, и како површини за паркирање. Покрај задоволување на барањето за потребниот број на паркинг места, ваквиот рационален сообраќаен систем овозможува нагласена проодност по нивоата како и лесна ориентација во рамки на објектот. Површината за паркирање континуирано продолжува сè до кровот создавајќи експресивен сообраќаен пејзаж, налик на историската, пробна патека на Џакомо Мате Труко за Фиат Лингото во Торино. Обвивката е составена од повторливи фасадни елементи кои се завиткуваат околу динамичниот волумен на објектот, референцирајќи се на Фордистичкиот концепт за сериска продукција.

Галерија