Powered by JoomlaGadgets

Напишано од Administrator

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА:

Да се проектира нов пешачки мост преку реката Вардар.

ОДГОВОР:

Проектот е обид, новата пешачка (инфра)структура уредно да биде интеполирана во постојната конфигурација на теренот, односно во постојното (регулирано) корито на Вардар, поврзувајќи ги не само двете страни на градот, туку и рекреативниот кеј „долу“ со трендовското „горе“. Фокусирајќи се на типологијата на јавни простори кои мостот треба да ги поврзе, а наоѓајќи се точно помеѓу две икони на модерната архитектура во Скопје (зградите на Македонската опера и балет и Градскиот трговски центар), мостот има за цел да биде уште еден елемент на поврзување, но и израз на критички архитектонски став. Имено, наспроти постојниот социо-културен миг и некритичките осврти кон историски референци, императив на проектот беше архитектонско-естетскиот израз на новиот мост да соодветствува на новото, реално време на кое му припаѓаме. Структурата на мостот е едноставна но експресивна, анимирана но рационална и лесна за изведба. Во таа смисла, главниот конструктивен елемент е линеарно-решеткаст челичен носач чии составни структурални елементи се преработени на начин на кој целината обликовно бе се референцирала со вегеталната структура во соседството. Дополнително, површината на мостот е перфорирана со застаклени отвори, преку кои сончевата светлина продира низ телесноста на мостот, едновремено формирајќи игра на светлина по водата и долниот кеј налик на онаа кога сончевите зраци продираат низ крошните, осветлувајќи ги вообичаено темните премини под мостовите. На неколку пунктови по должината на главниот просторен носач се формирани ниши во кои се изложени објави, предмети или друг промотивен материјал од соседните културните институции. Дополнително, на бочните страни на главниот решеткаст носач, предвидени се бетонски табли со иста големина како и пресекот на главниот носач, во кои е втисната мапата на градот кон која посетителот се упатува, гест кој претставува сигналитика.

Галерија