Powered by JoomlaGadgets

Напишано од Administrator

XI Прашко квадринале на сценски дизајн и простор | Секција Архитектура | Павиљон на Република Македонија
 
ТЕАТАР = ТЕАТАР +/-

Дали театарот станува повеќе (или помалку) од театар?

Насловот кој е во форма на формула се однесува на состојбата кога театарот, и како архитектонска и како уметничка експресија, доживува одреден степен на субверзија на сопствената позната и утврдена, форма. Македонската поставка тежнее да развие дискусија на зададената тема, преку изложување на шесте наградени конкурсни проекти за две нови театарски згради во Скопје (Македонски народен театар – театар Центар, и Драмски Театар). Произлегувајќи од глобално познатиот модел на јавно-приватно партнерство кое се наметна како популарен модел за инвестирање во градот, организаторот на конкурсите - македонското Министерство за култура, бараше предлози за нови театарски згради во кои покрај програмата на театарот, требаше да се предвидат и дополнителни, комерцијално исплатливи програмски конфигурации кои би се сместиле во непосредниот простор.Наспроти можноста ваквото програмско мешање да биде протолкувано како проблематично односно како упад во утврдената театарска архитектонска типологија, конкурсите претставуваа можност за истражување на многу интересни можности на театарот. Имено, наградените односно претставените проекти потврдуваат дека, доколку се одбрани соодветно, преклопените програми можат да генерираат нови просторни но и нови културни обрасци преку кои всушност и самиот театар се трансформира во поотворен, пооперативен и конечно поинтерактивен ентитет. Наспроти историскиот модел на театарот кој е сингуларен, различните и симултано паралелни атрактори можат да генерираат разнородни социо-културни хибридизации кои ќе го предизвикаат театарот да одговори на поинаков начин.
Самата поставка претставува апстрактен приказ на шесте просторни конфигурации на наградените конкурсни проекти, проетставени во форма на модели добиени со површински пресеци низ физичкиот простор на театрите, надополнети со плочи на кои е објаснет програмскиот колаж одсносно неговата дистрибуција низ одреден временски интервал. Основната идеја на поставката е претставување токму на преклопот помеѓу театарот и допонителните програмски амалгамации.

Галерија