Powered by JoomlaGadgets

Напишано од Administrator

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА:

Да се проектира повеќенаменска спортска сала и простор наменет за други содржини од комерцијално-деловен карактер.

ОДГОВОР:

Проектот е развиен во две фази. На почеток, разработен е основниот модул на повеќенаменската спортска сала кој во програмска смисла подразбира спортско борилиште за повеќе активности (ракомет, кошарка, одбојка, тенис, бокс итн.) заедно со сите пратечки содржини, како и фиксни и телескопски трибини. Во однос на котата на пристапното ниво, борилиштето е вкопано, концепт преку кој се обезбедува помала висина на објектот (во потенцијално густо изградениот градски простор), како и олеснето пристапување и брза евакуација на посетителите надвор од објектот. Како дополнување на основниот програмско-просторен модул на спортската сала, проектот предвидува можност за негова надградба со дополнителен модул во кој се предвидува сместување на други содржини од комерцијален, деловен или социјален карактер. Применетиот архитектонски јазик и материјалност соодветствуваат со карактерот и содржината на објектот, обидувајќи се да иницира рационална естетика и современ естетски израз во опкружјето кое е во процес на формирање. Обвивката на објектот е комбинација на повторливи префабрикувани панели помеѓу кои се јавува застаклување. Фасадната поделба е видлива во внатрешниот простор, каде материјалноста на дрвените панели и колористичкото решение на седиштата обезбедуваат пријатен и топол амбиент.

Галерија