Powered by JoomlaGadgets

Напишано од Administrator

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА:

Да се проектира повеќенаменска спортска сала во населбата Аеродром, за 3000 гледачи и дополнителен комерцијално-деловен простор.

ОДГОВОР:

Проектот реагира на особеностите на локацијата која се наоѓа на самиот брег на реката Вардар. Имено, тој претставува обид востановената типологија на спортски објекти кои по својата природа вообичаено се интровертни да ги преработи во нов, екстровертен модел. Во таа смисла, северната граница на објектот е перфорирана во обем во кој целокупниот пејзаж на течението на реката Вардар станува составен дел од внатрешноста. На тој начин, транспарентната мембана овозможува внатрешниот простор да емитува нови слики кон спортско-рекреативната зона која истовремено е впиена во амбиентот на салата. Борилиштата се вкопани во однос на котата на приземјето, што овозможува помала висина на објектот, како и олеснето пристапување и брза евакуација на посетителите. Западниот блок на салата се равива на три вертикални нивоа во кои се сместени комерцијално-деловни содржини ориентирани кон внатрешноста на објектот и кон новоформираниот плочник пред неговиот влез.

Применетиот архитектонски јазик и материјалност соодветствуваат со карактерот и содржината на објектот кој се обидува да иницира рационална естетика и современ естетски израз. Обвивката претставува комбинација на повторливи префабрикувани елементи, идеја водена од логиките за поголема економија во градењето.

Галерија